Пораки од државниот врв по повод 78-годишнината од смртта на големиот лидер Ататурк

Државниот врв објави пораки по повод 10 ноември, 78-годишнината од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, кој се слави како Ден на сеќавање на Ататурк и Недела на Ататурк

607651
Пораки од државниот врв по повод 78-годишнината од смртта на големиот лидер Ататурк

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 10 ноември 78-годишнината од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот Ердоган во својата писмена порака истакна дека Гази Мустафа Кемал е заедничка вредност на оваа земја и овој народ.

Ердоган нагласи дека да се застане во одбрана на споменот на Гази Мустафа Кемал ја налага потребата со оној дух на народно-ослободителната борба да се застане во одбрана на независноста, татковината, знамето, Републиката и на илјадо годишното цивилизациско искуство на земјата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлече внимание дека Турција тоа на најдобар начин го докажа со сеопхатните реформи кои што ги стави во примена во последните 14 години во секоја сфера и со политиките во чии рамки беа прегрнати еден со друг државата и народот.

Ердоган стави акцент и на науспешниот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ во врска со што рече: „Исто така и нашиот јуначки народ со оној негов племенит отпор што го покажа против предавството на 15 јули му прогласи на целиот свет дека ќе ги одбрани овие придобивки на нашата земја и по цена на сопствениот живот.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата писмена порака што ја објави по повод 10 ноември 78-годишнината од смртта на големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк ги истакна и целите на Турција и рече: „Ќе продолжиме да работиме без да бидеме обесхрабрени и неуморно за зајакнување на нашата Република за која Гази Мустафа Кемал вели дека претставува негово најголемо дело.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман во својата порака што исто така ја објави по повод 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк и   Неделата на Ататурк напиша: „Целиот народ се сеќаваме на првиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), првиот претседател на нашата држава и командантот на борбата за независност Мустафа Кемал Ататурк, на 78-годишнината од неговата смрт.“

Велејќи дека Ататурк како прв избран претседател на собранието со одговорноста што ја презеде во најтешките години на државата и во периодот кога на крајот на Првата светска војна беа доживеани големи рушења заедно и со Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ја предводеше борбата за независност, Исмаил Кахраман рече: „Мустафа Кемал Ататурк кој против активностите на империјалистичките држави кои што ги започнаа за да го симнат и последното „Знаме на исламот“ кое што остана во Анадолија, го повика народот да застане во одбрана на сопствената судбина и беше наш лидер за да се стекнеме со нашата слобода и независност, ќе живее во националната меморија на нашиот народ.“

Премиерот Бинали Јилдирим во својата порака по повод 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк, на 78-годишнината од неговата смрт го напиша следното: „Република Турција за која Тој вели дека е негово најголемо дело, денеска е во положба на земја чиј збор се слуша во светот, чие пријателство се бара и презема активна улога во решавањето на меѓународните проблеми и земја која располага со висок углед .“



Слични вести