„Нападите, предавствата и заканите не можат да го расипат нашето илјадо годишно братство“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека нападите од внатре и од надвор, предавствата, заканите насочени против единството и целовитоста на земјата не можеа да го расипат илјадо годишното братство, а не ќе можат да го расипат и во иднина

608077
„Нападите, предавствата и заканите не можат да го расипат нашето илјадо годишно братство“

Премиерот Бинали Јилдирим во Конгресниот и културен центар во претседателската палата во Бешетепе во Анкара учествуваше на церемонијата на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 78-годишнината од неговата смрт што се одржа од од страна на Високиот совет за култура, јазик и историја.

Јилдирим во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека нападите од внатре и од надвор, предавствата, заканите насочени против единството и целовитоста на земјата не можеа да го расипат илјадо годишното братство, а не ќе можат да го расипат и во иднина.

Велејќи дека денеска доживуваме ден кој што има историско значење во меморијата на големиот турски народ, Бинали Јилдирим турскиот народ зачувувајќи го оној дух на национална борба под водство на Гази Мустафа Кемал Ататурк чекори со сигурни чекори со ист елан и иста одлучност како уште во првиот ден.

Премиерот Јилдирим нагласи дека духот што се појави за време на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ е оној дух на национална борба и независност.

„На 93-годишнината од Републиката со гордост би можеле да кажеме дека Турција со својата политичка стабилност, демократијата, економската сила го продолжува развојот и просперитетот.“ - рече Јилдирим.

Укажувајќи на тоа дека народот застанувајќи во одбрана на сите придобивки на Републиката ги надмина периодите на туторство и се фокусира на целите за 2023 година, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Во наредниот период ќе ги оставиме зад нас и дискусиите во врска со новиот Устав и системот на уредување со што нашата Република и демократија ќе ги направиме уште посилни.“ 

Јилдирим напомена дека основачките вредности на Републиката располагаат со обединувачки, а не со раздвојувајчи карактеристики.

„Нашата должност е уште повеќе да ги зацврстиме овие обединувачки и интегрирачки елементи. Затоа со максимална внимателност водиме обиди да се одбрани и да се земе под гаранција правоот на сите наши граѓани. Нашата Репулика која ја формиравме заедно и ја одржуваме заедно уште повеќе ќе ја зајакнеме согласно нејзините принципи и филозофија на формирање и ќе им ја оставиме во аманет на младите.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим.



Слични вести