Започнува еден нов период

Ако се екстрадира Ѓулен, тогаш во односите ќе се отвори нова страница

607126
Започнува еден нов период

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со изборот на Доналд Транп, кандидатот на Републиканската партија за нов претседател на САД рече дека започнува еден нов период.

Во говорот на свеченото отворање на Саемот ЕКСПО на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД), претседателот Ердоган се осврна на актуелните случувања и во тие рамки рече:

Се надевам дека изборот на американскиот народ ќе биде прилика да се фрлат нови чекори во правец на основните права и слободи, демократијата како и случувањата во регионот.

Во свое лично име и во име на турскиот народ посакувам изборот на новиот претседател на американскиот народ да биде во корист на целото човештво и подобра иднина, рече претседателот Ердоган.

Премиерот Бинали Јилдирим исто така му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател.

Јилдирим упати повик до Трамп за екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО по повод обидот за воен удар на 15 јули.

Премиерот Јилдирим во говорот на свеченото започнување на новата учебна година 2016-2017 на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража во Анкара рече:

Ако се екстрадира Ѓулен, тогаш во односите ќе се отвори нова страница.

Министерот за надворешни односи Мевљут Чавушоглу во пораката преку профилот на Твитер му честиташе на Трамп за изборот и рече дека Турција бара да продолжи и зајакне соработката со САД која ќе се заснова на меѓусебна доверба и стратешка соработка.



Слични вести