Турција ги презеде потребните превентивни мерки против ПКК

Борбата против терористичката ФЕТО претставува една од приоритетните задачи на надворешната политика на земјата

606945
Турција ги презеде потребните превентивни мерки против ПКК

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција ги презеде потребните превентивни мерки против сепаратистичко-терористичката организација ПКК која под изговор дека ги брани Јазидите вложува напори подрачјето Синџар во Ирак да го претвори во ново седиште на организацијата.

Во говорот на седницата на Комисијата за планирање и буџет на Големото национално собрание по повод буџетот на МНР за 2017, министерот Чавушоглу рече дека од минатогодишните средби за буџетот до денес, во Турција и светот се случија значајни настани и промени потенцирајќи дека најзначаен од нив беше обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули.

Борбата против терористичката ФЕТО претставува една од приоритетните задачи на надворешната политика на земјата. Големото национално собрание на Турција презеде значајна улога во изнесувањето на вистинското лице на терористичката ФЕТО, рече министерот Чавушоглу.

Според податоците со кои располага министерството, до денес се затворени 7 здруженија, 72 училишта или образовни центри, вкупно 79 установи на терористичката ФЕТО. Сите ги затворивме и ја презедовме управата со истите.

Министерот Чавушоглу потенцираше на активностите кои ги води министерството за екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО и другите членови на организацијата.

Некои членови на терористичката организација ФЕТО беа екстрадирани од други земји. Имињата на некои лица кои беа екстрадирани не ги објавивме на молба на земјите од кои беа екстрадирани, но како што ви е познато, имињата на некои членови веќе ги објавивме. Продолжуваме со соработката со Министерството за правда во врска со екстрадицијата на лидерот на терористичката организација кој престојува во Пенсилванија. Потребните документи во врска со екстрадицијата на челникот на ФЕТО ги доставивме на САД. Во рамките на последните активности што ги презедовме, министерот за правда престојуваше во посета на Вашингтон. На  американските власти им предадовме предмет со најцврсти најсилни доказни материјали за привременото притворање и екстрадиција на Ѓуле, рече Чавушоглу.



Слични вести