Турција ги осуди недоличните изјави на луксембуршкиот министер за надворешни работи Аселборн

Портпароот на турското министерство за надворешни работи Хусејин Муфтуоглу ги осуди недоличните зборови на министерот Аселборн за Турција

605826
Турција ги осуди недоличните изјави на луксембуршкиот министер за надворешни работи Аселборн

Турција привлече внимание дека на чело на земјите кои му даваат поддршка на тероризмот во Европа се наоѓа Луксембург и го осуди луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн поради недоличните зборови кои што ги изрече во врска со Турција.

Портпароот на турското министерство за надворешни работи амбасадорот Хусејин Муфтуоглу одговарајќи на едно поставено прашање околу неодамнешните изјави на министерот за надворешни работи Жан Аселборн во интервју за едно германско радио во врска со Турција рече: „Интервјуто што луксембуршкиот министер за надворешни работи Аселборн го даде за германското радио Дојчландфунк, што од друга страна е дискутабилно колку овој функционер придонесува во напорите за борба против тероризмот на глобално ниво, покажува дека е неспособен  и за сфаќање и правилно оценување на димензијата на терористичката закана со која се соочува Турција.“

Нагласувајќи дека Турција очекуваше од Аселборн во секоја прилика да ги осуди терористите на ФЕТО кои се обидоа да извршат крвав преврат кој што на 15 јули резултираше со смрт на 246 лица кои станаа шехиди, портпаролот Хусејин Муфтуоглу ја изнесе следната проценка: „Тоа што Аселборн напорите кои што се преземаат во нашата земја за спречување на слични обиди и за зацврстување на демократијата ги споредува со еден мрачен период во Европа укажува на неговото непознавање на историјата и на немање способност за изнесување на објективна проценка.“  

Хусејин Муфтуоглу привлече внимание и на тоа дека чекорите кои што се фрлаат во Турција како демократска земја, по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка-организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули се во правец на живеење на турскиот народ во демократија и слобода.



Слични вести