Од Ердоган до Западниот свет: Терористичките организации се одржуваат со поддршка од надвор

Претседателот Ердоган покажа реакција против земјите кои ги поддржуваат терористичките организации и истакна дека терористичките организации се одржуваат на нозе со поддршка од надвор

605941
Од Ердоган до Западниот свет: Терористичките организации се одржуваат со поддршка од надвор

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено ставање во употреба на неколку електрични централи што се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара истакна дека ПЈД/ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК и покажа реакција против земјите кои ги поддржуваат овие организации.

Ердоган нагласи дека погрешно е во борбата против една терористичка организација да се поддржува друга терористичка организација и критикувајќи го западниот свет рече: „ПЈД е терористичка организација, огранок на ПКК, и ЈПГ е нејзин огранок. Кога сето тоа е толку јасно а вие се уште го браните тоа, и доколку истакнувате еден наивен приод од видот „терористичката организација ДАЕШ ќе ја уништам со една друга терористичка организација“, извинете но на тоа нема да поверува никој на овој свет. Не ќе можат да се спасат од тоа и утре кога ќе станат цел на тие организации.“  

Велејќи дека да се води борба против тероризмот и да се уништат терористичките организации е лесна работа за Турција, претседателот Ердоган напомена дека терористичките организации се одржуваат со поддршка од надвор.

„ПКК против која водиме борба не се состои само од 3 или 5 илјади терористи, ДАЕШ не се состои само од одреден број терористи, ФЕТО не се состои само од предавници кои се видливи, ДХКП-Џ не се состои само од неколку стотина милитанти. Во позадината на сиве овие организации се наоѓаат различни сили, поддршка и проекти.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати порака до Западот и во врска со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ во врска со што рече: „Западниот свет нека згрижува колку што сака терористи во своите западни градови. Што и да прават еден ден тоа ќе им се врати како бумеранг и ќе ги погоди и нив.“



Слични вести