На дневен ред турско-руска соработка за воздушно-одбранбен систем

Директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија Александар Фомин истакна дека набавката на воздушно-одбранбен систем за Турција се наоѓа на дневен ред на воената соработка помеѓу двете земји

605738
На дневен ред турско-руска соработка за воздушно-одбранбен систем

Директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија Александар Фомин изјави за руската новинска агенција Интерфакс дека набавката на воздушно-одбранбен систем за Турција се наоѓа на дневен ред на воената соработка помеѓу двете земји.

Велејќи дека Турција и Русија повторно ја започнаа соработката во воено-техничката сфера, Фомин рече: „Мислам дека меѓувладиниот состанок во воено-техничката соработка помеѓу Турција и Русија ќе се одржи на крајот на оваа година. Се утврдува местото и времето на одржување на овој состанок.“ 

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така во дадената изјава во октомври рече: „Доколку побара турската страна Русија со проценка во различни опции би можела да го разгледа прашањето за испорака на воздушно-одбранбен систем.“



Слични вести