Во операцијата Еуфратски штит погодени нови цели на терористичките организации ДАЕШ и ПКК/ПЈД

Според добиени информации од Турските вооружени сили (ТВС) беше отворен оган врз 58 позиции на терористичката органзиација ДАЕШ и една позиција на терористичката организација ПКК/ПЈД

605261
Во операцијата Еуфратски штит погодени нови цели на терористичките организации ДАЕШ и ПКК/ПЈД

На 76-от ден од операцијата Еуфратски штит која беше започната под водство на Турција на 24 август за исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи, е неутрализиран еден терорист на ДАЕШ, а се уништени и наоружано возило и противавионска батерија.

Според добиени информации од Турските вооружени сили (ТВС) беше отворен оган врз 58 позиции на терористичката организација ДАЕШ и една позиција на терористичката организација ПКК/ПЈД.

Притоа беа уништени засолништа, одбранбени позиции, објекти за комантна контрола, оружје и возила на овие терористички организации.

Од страна на коалиционите сили пак беа реализирани 4 воздушни операции врз позиции на терористичката организација ДАЕШ во областа Шабвиран.

Во операциите е неутрализиран еден терорист на ДАЕШ, а се уништени и едно наоружано возило и противтенковска батерија.

Досега од страна на екипите за утврдување и уништување на експлозив кои им даваат поддршка на опозиционерите во областите исчистени од терористичката организација ДАЕШ контролирано се уништени 36 мини и 1.443 експлозивни направи од рачна изработка.

На границата со Сирија продолжуваат беспрекин и извидувачките летови и набљудувањата од воздух со наоружани беспилотни летала.

 



Слични вести