Турција на состанокот на ИНТЕРПОЛ во Индонезија ќе информира за терористичката организација ФЕТО

Турција на состанокот ќе ги информира учесниците во врска со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ која изврши обид за преврат на 15 јули

605361
Турција на состанокот на ИНТЕРПОЛ во Индонезија ќе информира за терористичката организација ФЕТО

Во Конгресниот центар Нуса Дуа на островот Бали во Индонезија започна 85-от состанок на Меѓународната организација за криминалистичка полиција ИНТЕРПОЛ.

На годинашниот состанок чија тема е „борбата против тероризмот“ учествуваат 1.360 делегати од 167 земји во светот.

Турција освен Палестина ќе го поддржува приемот и на Косово кои се обратија за членство во ИНТЕРПОЛ.

На состанокот ќе се одржи избор и на новиот привремен претседавач на ИНТЕРПОЛ, а на кој ќе се натпреваруваат  заменик министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина Хонгвеј Менг и генерал-полковникот Себастијан Ндеитунга од Намибија.

Турските функционери на панелот што ќе се одржи во рамките на состанокот на Меѓународната организација за криминалистичка полиција ИНТЕРПОЛ ќе ги информираат учесниците во врска со ставот на Турција кон терористичките организации ПКК, ЈПГ и Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ која изврши обид за преврат на 15 јули.

На маргините на состанокот турските функционери ќе одржат и билатерални средби со претставниците на голем број земји, ќе достават информации во врска со обидот за преврат на терористичката организација ФЕТО, ќе им раздадат на учесниците надворешни мемории со информации и документи, а воедно ќе ги информираат своите колеги и во врска со борбата што се води против оваа терористичка организација.

Во текот на состанокот на ИНТЕРПОЛ на островот Бали во Индонезија кој ќе заврши на 10 ноември се преземени вонредни безбедносни мерки за што се ангажирани 3.800 полицајци.



Слични вести