Началниците на Генералштабовите на Турција и САД Акар и Данфорд разговараа за Сирија и Ирак

По остварената средба беше објавено писмено соопштение во кое се истакнува дека на средбата уште еднаш било привлечено внимание на значењето на одбраната на територијалниот интегритет на Сирија и Ирак и на заедничката борба против тероризмот

604897
Началниците на Генералштабовите на Турција и САД Акар и Данфорд разговараа за Сирија и Ирак

Началникот на Здружениот Генералштаб на американските Вооружени сили генерал Џозеф Данфорд вчера престојуваше во Турција каде што се состана со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

По остварената средба помеѓу двајцата началници на Генералштабови беше објавено писмено соопштение. 

Во соопштението беше истакнато дека на средбата уште еднаш е привлечено внимание на значењето на одбраната на територијалниот интегритет на Сирија и Ирак и на заедничката борба против тероризмот.

На средбата началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар го нагласи значењето од воздушната поддршка на коалиционите сили на операцијата Еуфратски штит која е започната под водство на Турција на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи.

Освен тоа на разговорите стана збор и за придонесот за воспоставувањето на стабилноста во регионот со повторното враќање во своите домови на Сиријците кои се во положба на бегалци во Џераблус и во другите населени места.

На средбата беа разменети мислења по прашањата на вадењето на терористичката организација ПЈД/ЈПГ од Менбич и последната состојба во Рака, операцијата на Мосул која ја започна ирачката армија на 17 октомври за исчистување на овој град од терористичката организација ДАЕШ и која е поддржана и од страна на коалиционите сили под водство на САД, активностите на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија и Ирак и ризикот од секташки судир во регионот. 

Меѓу прашањата кои што беа разгледани беа и патиштата за водење заедничка борба против терористичката организација ДАЕШ во Сирија и Ирак, а пред се во градовите ел-Баб и Рака во Сирија.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар уште еднаш ги достави до својот американски соговорник и колега Началникот на Здружениот Генералштаб на американските Вооружени сили генерал Џозеф Данфорд, чувствителностите на Турција во подрачјата на Тел Афер и Синџар во Ирак и вознемиреноста во врска со продолжувањето на активностите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во САД.



Слични вести