Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани тројца терористи на ДАЕШ, а загинаа и 4 опозиционери

Во операцијата Еуфратски штит која продолжува во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца припадници на терористичката организација ДАЕШ, а загинаа и четворица опозиционери на Слободната сириска армија

603810
Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани тројца терористи на ДАЕШ, а загинаа и 4 опозиционери

Во вооружените судири на 73-от ден од операцијата Еуфратски штит која започна под водство на Турските вооружени сили (ТВС) на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи се неутрализирани тројца припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Во судирите загинаа и четворица опозиционери на Слободната сириска армија, а 10 опозиционери се повредени. 

Според информации од Турските вооружени сили (ТВС) од страна на опозиционерите на Слободната сириска армија (ССА) од почетокот на операцијата досега е воспоставена контролата во 170 населени места на површина од приближно 1.350 квадратни километри.

Во отворениот оган во рамките на операцијата се уништени 93 засолништа, одбранбени позиции, објекти на командна контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Не беше реализирана воздушна операција од страна на воени авиони на Турските воздушни сили, меѓутоа авионите чекаат во потполна готовност за реализација на операција по добиени информации.

Коалиционите сили реализираа 7 воздушни напади врз утврдени цели на терористичката организација ДАЕШ во областите Жабал Кирбат ал-Канисах и Шудуд каде што беа неутрализирани 8 терористи на ДАЕШ, а беа уништени и две одбранбени позиции и две хаубици на организацијата.

Бо областите исчистени од терористичката органзиација ДАЕШ од страна на екипите за утврдување и уништување на експлозив кои им даваат поддршка на опозиционерите беа уништени две мини и 28 експозивни направи од рачна изработка.



Слични вести