Во експлозијата во Дијарбакир загинаа 2, а 8 полицајци беа повредени

Терористичкиот напад во Баглар кај Дијарбакир е подмолен напад

604156
Во експлозијата во Дијарбакир загинаа 2, а 8 полицајци беа повредени

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со експлозијата пред додатната зграда на дирекцијата на полицијата во Баглар рече дека загинале 2 а 8 полицајци биле повредени.

Утринава терористичката организација повторно го покажа своето подмолно и грозно лице во Дијарбакир. Терористите повторно го активираа експлозивот на автомобилот-бомба во близината на зградата каде што беа стационирани специјалните полициски сили и претежно живее цивилно население.

Од над 100-те повредени колку што беа донесени во болница на лекување, 93 беа отпуштени, продолжува хоспитализацијата на 7 повредени,а еден терорист беше фатен.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган веднаш по експлозијата по телефон го побара валијата на Дијарбакир Хусејин Аксој и се стекна со информации за експлозијата.

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш на профилот преку социјалната мрежа Твитер рече дека терористичкиот напад во Баглар кај Дијарбакир е подмолен напад.

Куртулмуш остро го осуди нападот и рече дека Турција нема да му се предаде на тероризмот.  Сите оние коишто се вмешани со терористичките организации ќе положат сметка за тоа.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Губернијата беше истакнато дека одговорноста за нападот ја прифати сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во експлозијата беше употребен над еден тон експлозив.

На местото каде што се случи експлозијата беше отворен голем отвор, а голем број згради и деловни простори во околината беа оштетени.



Слични вести