Во Егејското Море во близина на Чанаккале фатени 181 илегален мигрант

Според добиени информации по добиени информации екипи на Командата на крајбрежната стража реализираа операција во Егејското Море во близина на населеното место Бозџаада кај градот Чанаккале и се фатени 181 илегални мигранти

603774
Во Егејското Море во близина на Чанаккале фатени 181 илегален мигрант

Во Егејското Море во близина на населеното место Бозџаада кај градот Чанаккале се фатени 181 илегални мигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

Според добиени информации по добиени информации екипи на Командата на крајбрежната стража реализираа операција во Егејското Море во близина на населеното место Бозџаада кај градот Чанаккале.

Во операцијата во една јахта со електричен мотор долга 17 метри беа фатени 181 илегален мигрант меѓу кои имало и жени и деца, како и двајца турски граѓани за кои се вели дека го организирале нивното илегално префрлување во странство.

Фатените илегални мигранти и јахтата од страна на екипите на крајбрежната стража беа однесени во едно рибарско засолниште во Јениќој кај населеното место Езине.

181-от илегален мигрант чии изјави беа земени и им беше утврден личниот идентитет беа однесени во Командата на жандармеријата во Гејикли, а двајцата осомничени турски граѓани беа притворени и беа започнати законските постапки против нив.



Слични вести