Турција остро ја осуди одлуката на белгискиот суд во врска со терористичката организација ПКК

МНР на Турција објави соопштение во кое остро ја осуди одлуката на белгискиот суд дека активностите на членовите на терористичката организација ПКК во оваа земја не можат да се оценат во склопот на обвиненија за вршење тероризам

603750
Турција остро ја осуди одлуката на белгискиот суд во врска со терористичката организација ПКК

Турција остро ја осуди одлуката на белгискиот суд околу тоа дека активностите на членовите на терористичката организација ПКК во оваа земја не можат да се оценат во склопот на обвиненија за вршење тероризам.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се потсетува дека белгиската влада досега ги дозволуваше активностите на терористичката организација ПКК и дека оваа одлука на Брисел се оценува како отворен и нов показател за непринципиелниот став на оваа земја во борбата против тероризмот и на менталитетот со кој што досега и се пружа можност на терористичката организација ПКК за нејзино слободно делување во Белгија.

Во соопшението се подвлекува дека остро се осудува оваа одлука на Белгија и дека се очекува од белгиското судство без доцнење да ги фрли неопходните чекори за поправање на оваа очајна грешка во врска со судскиот процес за кој станува збор, а во кој непочитувајќи ги правните принципи од 2010 година го одолговлечува овој процес.

Судот во Брисел вчера во врска со судскиот процес против 36 лица меѓу кои се наоѓаат и високи таканаречени раководители на терористичката организација ПКК во Европа, со обвинение за учество во терористички активности и грабнување на деца, лишување на лица од нивната слобода и закана со смрт пресуди дека овие нивни активности не се оценуваат како „терористички акти“.

Во образложението на одлуката се вели дека „борбата со оружје не може да се оцени во склопот на обвиненија за вршење тероризам“.

Во судскиот процес членовите на терористичката организација ПКК беа обвинувани за давање обука во камповите во Белгија и во Грција и Ирак на млади и малолетни деца кои ги откинувале од нивните семејства во Белгија и од други западно европски земји и за фалсификување на документи и насилно собирање пари.

Белгиското федерално јавно обвинителство има право да поднесе приговор на одлуката на судот.

Инаку ПКК се наоѓа на списокот на терористички организации на ЕУ и овој список е обврзувачки и за Белгија.



Слични вести