„Состојбата (финансиски) на Турција е многу подобра од онаа општо во светот и особено во Европа“

Претседателот Ердоган истакна дека состојбата на Турција е многу подобра од онаа општо во светот и особено во Европа и рече: „Згора на тоа нашата земја за разлика од другите земји се наоѓа многу блиску до кризните региони“

603832
„Состојбата (финансиски) на Турција е многу подобра од онаа општо во светот и особено во Европа“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на Конгресот на пазарот на капитал во Истанбул истакна дека Турција периодот на глобална финансиска криза го преброди со проценти на рекорден раст.

Ердоган рече: „Тогаш кога започна глобалната финансиска криза  реков дека само ќе ја допре Турција по примерот на тангента и некои овие мои зборови тогаш ги омаловажија. На крај нашата земја освен стеснувањето во 2009 година овој период на криза го помина со проценти на рекорден раст.“  

Истакнувајќи дека состојбата на Турција е многу подобра од онаа општо во светот и особено во Европа, претседателот Ердоган рече: „Згора на тоа нашата земја за разлика од другите земји се наоѓа многу блиску до кризните региони како што се Блискиот исток, Северна Африка, Кавказ и Црното Море. Особено нас мошне одблизу не засега секој развој во Сирија и Ирак кои се наши соседи.“

Ердоган напомена дека Турција досега не претрпи тешкотии од аспект на финансирањето на инвестирањата и додаде дека инвестирањата мораат да се зголемат, за што пак како што подвлече е стапено во акција за олеснување на пристапот на инвеститорите до финансиските извори. 

„Сите заедно ќе дадеме поддршка да се крене на нозе оваа земја. Онака како што да се кријат парите под јастак значи да се западне во необмисленост, толку значи да се западне во необмисленост со држење на парите во каса од страна на финансискиот сектор.“ - подвлече Ердоган и потенцираше дека средствата на пазарот на капитал ќе имаат сериозен придонес во намалувањето на високите каматни стапки кои што стојат како препрека пред инвеститорите.

Ердоган рече: „Каматната стапка кај нас 1 околу 15,16-отсто. Како со ова инвеститорот би влегол на пазарот? Оваа работа не може да оди во една ваква тешкотија.“

Нагласувајќи дека лично верува оти Истанбул како финансиски центар со новите чекори кои што ќе ги фрли ќе се натпреварува со светските финансиски центри, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Еден друг чекор е во точката на исламските финансии. Тоа е врата и за оние кои велат дека своите пари нема да ги уложат со каматна стапка. Што е тоа? Сите фирми партиципиенти да учествуваат во овој сектор. И тоа е од големо значење.“



Слични вести