Притворени 11 пратеници на Демократската партија на народите (ХДП)

Меѓу притворените пратеници се наоѓаат и ко-претседателите Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг

603440
Притворени 11 пратеници на Демократската партија на народите (ХДП)

Во рамките на истрагата за тероризам, притворени 11 пратеници на Демократската партија на народите (ХДП)

Меѓу притворените пратеници се наоѓаат и ко-претседателите Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека приведени пратеници се обвинуваат за вршење пропаганда на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фалење на криминалот и криминалците, поттикнување на омраза и непријателство, членство во вооружена терористичка организација, обид за нарушување на единството и интегритетот на државата.

По уставниот амандман кој во март беше усвоен од страна на Големото национално собрание на Турција, беше укинат пратеничкиот имунитет на 148 пратеници.

Меѓу наведените пратеници се наоѓаа и пратеници од редовите на Демократската партија на народите (ХДП) кои во рамките на истрагата за тероризам, покрај тоа што неколкупати беа повикани на сослушување, не отидоа да дадат исказ.

Врз база на тоа, во рамките на истрагата за тероризам која се води од страна на Главните републички обвинителства на Дијарбакир, Хакќари, Ван, Санџак и Бинѓол, беше донесена одлука за притворање на 11 пратеници од редовите на  Демократската партија на народите (ХДП).



Слични вести