„Постои потреба од соработка на принципот на застрашување на тероризмот, а не страв од тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим нагласи дека постои потреба од соработка која што ќе се потпира на принципот на застрашување на тероризмот, а не страв од тероризмот

604151
„Постои потреба од соработка на принципот на застрашување на тероризмот, а не страв од тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа по повод манифестацијата посветена на Светскиот ден за поморство на Меѓународната организација за поморство што се одржа во Конгресниот центар во Халич во Истанбул истакна дека светот за да ги реши основните проблеми најпрвин треба да го реши прашањето со глобалниот и регионалниот мир.

Јилдирим нагласи дека постои потреба од соработка која што ќе се потпира на принципот на застрашување на тероризмот, а не страв од тероризмот.

Велејќи дека денеска бројот на мигрантите изнесува над 55 милиони лица, Бинали Јилдирим запраша колку земји има во светот чиј број на население изнесува 55 милиони.

Јилдирим напомена дека проблемот е голем и нагласи дека сега е време кога водечките земји во светот, а поготово светските организации како што се ОН треба да преземат поголема одговорност.

„Доколку не можеме да ги воспоставиме глобалниот мир и глобалната безбедност, не можеме да го елиминираме тероризмот како глобална закана не ќе може да се реализира и сето ова за што зборуваме. Овде ете како и на овој состанок постои потреба од соработка која што ќе се потпира на солидарност, состанување и на застрашување на тероризмот, а не страв од тероризмот.“ - рече Јилдирим.

Осврнувајќи се и на глобалната економија премиерот Бинали Јилдирим истакна дека економскиот раст во европските земји и особено во земјите кои што се оценуваат како развиени е сосема мал и дека дури би можело да се каже дека и го нема и рече: „Со исклучок на Кина и Индија Турција и покрај сите негативности реализира за два пати поголем перформанс во економскиот раст во споредба со просечниот раст во светот.“ 

Јилдирим напомена дека намалувањето во светската трговија од само еден поен на поморскиот транспорт се одразува дури чети поени и додаде дека сектор кој што е подложен на најбрзо и најголемо влијание на стеснувањето во глобалната трговија е поморството.

Премиерот Бинали Јилдирим подвлече дека следна цел на Турција е во секоја своја област која излегува на море да стане главно пристаниште за претовар.



Слични вести