Катарскиот ТВ-канал Ал Џезира подготви посебен прилог за претседателот Ердоган

Ја редефиниравме демократијата и на светот му покажавме како муслиманите водат политика.

603746
Катарскиот ТВ-канал Ал Џезира подготви посебен прилог за претседателот Ердоган

Катарскиот ТВ-канал Ал Џезира подготви посебен прилог посветен на животот на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган.

Првите два дела на прилогот „Ел Мукабеле“ чиј водител е Али Ал Зуфејри се посветени на претседателот Ердоган.

Во првиот дел се раскажува за детството, младоста, процесот на започнувањето на политичкиот живот и патот до претседателската функција на претседателот Ердоган.

Во прилогот е направена и кратка ретроспектива на политичката кариера на претседателот Ердоган, кој ги прочита и стиховите кои беа причина за неговото апсење.

По прашањето на водителот Ал Зуфејри за обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули, претседателот Ердоган се осврна и на сето она што го доживеа таа ноќ.

Претседателот Ердоган рече: ја редефиниравме демократијата и на светот му покажавме како муслиманите водат политика. Исто така повторно го дефиниравме поимот секуларизам. Истакнавме дека секуларизмот не е како што некогаш се сфаќаше во Турција. Секуларизмот според нас претставува слобода на верско и идејно живеење пропратено со слобода на мислата и изразувањето подеднакво за сите групи а државата е таа која ги зема под заштита сите овие права. Нашиот пат го зацртавме според овие ставови, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган рече дека го одбил предлогот ноќта кога се случи воениот удар, да замине на еден грчки остров.

Јас се родив и ќе умрам тука. Не мислам да одам не некое друго место. Ако лидерот се сокрие зад камен, тогаш народот ќе се сокрие зад планина. Лидерот секогаш треба да биде на мегданите за народот да го прати, рече претседателот Ердоган.

Мојата патна карта и патоказ се Хазрети Мухамед и неговиот сунет, рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека откако живеел според сунетот се држел настрана од евентуалните грешки.

Вештината на ораторство и интересот за литературата започна уште во средното образование во медресето, рече претседателот Ердоган и нагласи дека најмногу бил импресиониран од  Мевлана Џелаледин Руми, Мехмет Акиф Ерсој и Неџип Фазил Кисаќурек.

Во врска со казната затвор на која беше осуден поради тоа што прочита неколку стихови на една песна додека беше градоначалник на градската заедница на Истанбул, претседателот Ердоган рече дека тогашното раководство немаше доволна толеранција за слободата на мислата и изразувањето.



Слични вести