Во операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија вчера се неутрализирани 36 терористи на ДАЕШ

Во вчерашните вооружени судири во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 36 припадници на терористичката организација ДАЕШ, а се ранети 11 опозиционери припадници на Слободната сириска армија (ССА)

602985
Во операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија вчера се неутрализирани 36 терористи на ДАЕШ

Во вооружените судири вчера на 72-риот ден од операцијата Еуфратски штит која започна под водство на Турција на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи беа неутрализирани 36 припадници на терористичката организација ДАЕШ, а беа ранети 11 опозиционери припадници на Слободната сириска армија (ССА).

Според соопштението на Генералштабот во рамките на операцијата Еуфратски штит беа гаѓани у уништени 100 цели на терористичката организација ДАЕШ и 4 засолништа, одбранбен центар и команден контролен објект на ПЈД која инаку е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во меѓувреме со одлучност продолжуваат и операциите против терористичката организација ПКК како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Во последната реализирана операција со наоружано беспилотно летало беа неутрализирани двајца терористи на ПКК во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари.

Бројот на терористите кои се неутрализирани во реализираните операции во ова подрачје до денеска во населеното место Чукурџа изнесува 357, а во округот Хаќќари се неутрализирани вкушно 491 терорист на ПКК.

Во реализирана воздушна операција во руралното подрачје на населеното место Чукурџа во округот Хаќќари и преку границата во областа Зап во северниот дел на Ирак пак беа погодени неколку цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести