Тугрул Туркеш го прими македонскиот министер без ресор Бејџан Илјас

Потпретседателот на владата Тугрул Туркеш во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара го прими македонскиот министер без ресор Бејџан Илјас и делегацијата во негова придружба

603345
Тугрул Туркеш го прими македонскиот министер без ресор Бејџан Илјас

Потпретседателот на владата Тугрул Туркеш ги прими македонскиот министер без ресор Бејџан Илјас и делегацијата во негова придружба.

На приемот што се одржа во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара потпретседателот на владата Тугрул Туркеш го изрази своето задоволство од оваа посета.

Велејќи дека делегацијата ја донесе со себе онаа топла и срдечна атмосфера од Балканот, односно како што рече атмосфера на “чеда на Фатих Султан Мехмед“, Тугрул Туркеш истакна дека овие видови посети претставуваат и извор на сила и морал за него самиот и дека обезбедуваат можност за разговор за евентуалните проблеми и присутните регионални тешкотии. 

Потоа посетата на македонскиот министер без ресор Бејџан Илјас и делегацијата во негова придружба продолжи зад затворени врати.

По овој прием потпретседателот на владата Тугрул Туркеш ја прими и германската министерка без ресор Мариа Бохмер.

На приемот беше разговарано за интеграцијата на граѓаните од турско потекло во Германија и процесот на Турција на патот за членство во ЕУ.



Слични вести