Претседателот Ердоган денеска ќе го прими претседателот на МХП Девлет Бахчели

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во 14:00 часот според турско време ќе го прими претседателот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели

602500
Претседателот Ердоган денеска ќе го прими претседателот на МХП Девлет Бахчели

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска во 14:00 часот според турско време во претседателската палата во Бештепе во Анкара ќе го прими претседателот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели.

Од страна на извори од кабинетот на претседателот се истакнува дека потребата од средба била поставена на дневен ред за време на остварениот разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели на приемот по повод 29 октомври Празникот на Републиката.

Како што се наведува на средбата што ќе се одржи денеска во 14:00 часот според турско време ќе бидат разменети мислења во врска со низа прашања на чело со актуелните случувања во регионот, односно во Сирија и Ирак, Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ и сепаратистичко-терористичка организација ПКК.

Претседателот Ердоган денеска во претседателската палата во Бештепе во Анкара ќе го прими и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан.



Слични вести