Политичка поддршка од Турција за Јемен

Јеменската официјална новинска агенција САБА соопшти дека министерот без ресор одговорен за применување на националниот дијалог Јасир Абдалах ер-Руајни се состана со амбасаодорот на Турција во Сана Левент Елер

602943
Политичка поддршка од Турција за Јемен

Јеменскиот министер без ресор одговорен за применување на националниот дијалог Јасир Абдалах ер-Руајни истакна дека Турција дава поддршка на безбедноста и стабилноста на Турција.

Според веста на јеменската официјална новинска агенција САБА, министерот без ресор одговорен за применување на националниот дијалог Јасир Абдалах ер-Руајни се состана со амбасаодорот на Турција во Сана Левент Елер.

На средбата Руајни го изразил задоволството од поддршката на Турција на политичкиот процес на неговата земја.

Министерот Руајни ја подвлекол дека поддршката на Турција на безбедноста, стабилноста и развојот на Јемен, како и на сеопфатниот период на транзиција и на политичкиот процес од почетокот на Конференцијата за национален дијалог.

Освен тоа Руајни ја повика меѓународната заедница за продолжување на поддршката на легитимноста и напорите за воспоставување на безбедноста и стабилноста и ставањето крај на воениот удар во неговата земја.

Амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер пак истакнал дека Турција ја поддржува уставната легитимност во Јемен чиј претставник е претседателот Абдурабу Мансур Хади и дека исто така стои покрај Јемен.



Слични вести