Џамијата во Атина нема да го загрози националниот и верскиот идентитет на Грците

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на Турција со ЕУ Омер Челик рече дека е сосема нормално во еден главен град во Европа да постојат црква, синагога и џамија

602897
Џамијата во Атина нема да го загрози националниот и верскиот идентитет на Грците

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на Турција со ЕУ Омер Челик рече дека е сосема нормално во еден главен град во Европа да постојат црква, синагога и џамија.

Челик кој престојува во официјална посета на Атина одржа конференција за новинарите и во оваа прилика истакна дека продолжуваат градежните работи околу изградбата на џамија во Атина, но додаде дека за жал џамијата вчера беше цел на напад.

Сосема е нормално во еден главен град во Европа да постојат црква, синагога и џамија истакна министерот Челик и додаде:во Атина во тек е изградбата на џамија која за жал вчера беше нападната од страна на грчки националисти кои упаднаа во просторот каде што се гради џамијата. Не би требало да се дозволи дивеење на овие средини во просторот на џамијата. Сметам дека изградбата на џамија во Атина нема да го загрози националниот и верскиот идентитет на Грците.

 Министерот Омер Челик ја нагласи потребата од почитување на двојазичната настава во грчките училишта и на натписите напишани на турски јазик.

Што се однесува до бегалската криза министерот Челик рече дека главниот товар во оваа криза го сносат Турција и Грција, а дека ЕУ не ги чувствува последиците од бегалската криза толку колку што ги чувствуваат Турција и Грција. Ги повикувам сите да бидат свесни за својот финансиски и хуман дел од оваа одговорна мисија. Турција сосема совесно го реализира делот што се однесува до неа, но сметам дека светот во глобала падна на овој испит, додаде министерот Челик.

Министерот Омер Челик се задржа и на кипарското прашање за кое рече дека се стекнува впечатокот дека постои една позитивна атмосфера во преговорите, што Турција го поддржува.



Слични вести