„Турција му придава значење на територијалниот интегритет на Ирак и тоа најдобро го знае Багдад“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека значењето кое што го придава Турција на територијалниот интегритет и независноста на братски и соседен Ирак најдобро го знаат властите во Багдад

602044
„Турција му придава значење на територијалниот интегритет на Ирак и тоа најдобро го знае Багдад“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата еднодневна посета на Катар ги посети и турското училиште кое работи во склопот на амбасадата на Турција и турските војници кои се на задача во воената база на Турција во оваа земја.

Чавушоглу притоа направи проценка на изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој рече дека неговата земја би можела да посредува во присутната затегнатост помеѓу Турција и Ирак.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека кампот Башика во близина на градот Мосул во Ирак каде што се на задача турски војници стана причина за појава на непотребна затегнатост.

Велејќи дека Турција би ја прифатила конструктувната улога на секото по прашањето на Башика, Чавушоглу нагласи дека значењето кое што го придава Турција на територијалниот интегритет и независноста на братски и соседен Ирак најдобро го знаат властите во Багдад.

„Ние даваме многу поголема и посилна поддршка од секого. Кампот Башика создаде непотребна затгентаост. Тоа беше непотребна затегнатост, меѓутоа ние гипродолжуваме нашите дипломатски напори и за да сведеме тоа на колосек. Минатата недела нашиот потсекретар замина за Багдад. Сега очекуваме делегација од Багдад. Секако дека би биле задоволно доколку во ова даде позитивен придонес и Иран. Ние сакаме да ги водиме на најдобро ниво нашите односи со сите наши соседи. Му благодариме на Иран за овој негов приод.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести