Министерот за ЕУ Омер Челик во посета на Атина

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во рамките на својата официјална посета на Атина се состана со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а оствари и низа други средби и разговори

602490
Министерот за ЕУ Омер Челик во посета на Атина

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик кој престојува во официјална посета на Атина се состана со грчкиот премиер Алексис Ципрас во владината резиденција.

Средбата траеше приближно еден час.

Министерот Омер Челик претходно ја посети амбасадата на Турција во Атина каде што беше дочекан од страна на амбасадорот Јашар Халит Чевик.

Министерот за ЕУ Омер Челик во рамките на своите разговори се состана и со пратениците на СИРИЗА од претставници на турското малцинство во Западна Тракија Ајхан Карајусуф, Мустафа Мустафа и Хусејин Зејбек.

Омер Челик потоа се состана со избраните муфтии на Комотини (Ѓумулџине) и Ксанти (Искече), а на крајот имаше средба и со Никос Узуноглу, претседателот на Универзалната Федерација на Грците по потекло од Истанбул и делегацијата во негова придружба.

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик туре, вториот ден од неговата посета на Атина ќе се состане со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и заменик министерот за надворешни работи одговорен за ЕУ Никос Ксидакис.



Слични вести