„Безбедноста и стабилноста на Ирак за нас се значајни колку и нашата безбедност и стабилност“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека испораката на војници и воена опрема на границата со Ирак е со превентивна цел и дека безбедноста и стабилноста на Ирак се значајни за Турција исто колку и нејзината безбедност и стабилност

602208
„Безбедноста и стабилноста на Ирак за нас се значајни колку и нашата безбедност и стабилност“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталја одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека турските војници чекаат во борбена готовност против терористичките организации на ирачка страна од границата.

Чавушоглу рече дека испораката на војници и воена опрема на границата со Ирак е со превентивна цел.

Министерот Мевлут Чавушоглу остро го критикуваше истапот на ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади по прашањето на турското воено присуство во кампот Башика и напомена дека турските војници се наоѓаат во Башика за борба против терористичката закана во Ирак.

Велејќи дека не постои друга земја која им дава посилна поддршка на територијалниот интегритет и незваисноста на Ирак од Турција, Чавушоглу рече: „Безбедноста и стабилноста на Ирак за нас се значајни колку и нашата сопствена безбедност и стабилност. Не е правилно багдадските власти поради проблеми со кои што се соочуваат внатре во себе или поради провокациите на некои земји даваат изјави во врска со Турција која инаку е земја која го поддржува територијалниот интегритет на Ирак.“

Покажувајќи реакција против истапите на властите во Багдад по прашањето на турското воено присуство во кампот Башика, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Ако имаш ти сила зошто и го предаде Мосул на терористичката организација ДАЕШ? Штом си толку силна зошто ПКК со години ги окупира твоите територии? Не можеш да водиш борба против една терористичка организација , слаба си, а потоа се обидуваш да се однесуваш како силеџија и навлегуваш во реторики. Тоа за нас се празни зборувања. Ние претходно прогласивме дека самите ќе ги преземеме нашите мерки. И во моментов ги преземаме тие мерки.“



Слични вести