Турција нема да го прифати вклучувањето на милициските сили Хашди Шаби

Турција ќе продолжи со ефективно спроведување на сите потребни безбедносни санкции како во земјава така и надвор од границите

601020
Турција нема да го прифати вклучувањето на милициските сили Хашди Шаби

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече дека Турција нема да го прифати вклучувањето на милициските сили Хашди Шаби во операцијата против терористичката организација ДЕАШ во ирачкиот град Мосул.

Портпаролот Куртулмуш, на прес конференцијата по вчерашниот состанок на владата кој се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец направи проценка на агендата на состанокот.

Турција ќе продолжи со ефективно спроведување на сите потребни безбедносни санкции како во земјава така и надвор од границите, рече Куртулмуш и потенцираше дека годинава биле спречени 296 значајни терористички напади. Владата ќе фрли чекор за вработување на 10 илјади полицајци во специјалните полициски единици.

Во врска со операцијата Еуфратски штит, портпаролот Куртулмуш рече дека Турција води дипломатија со сите земји и дека за исчистување на Мунбич од терористите на ПЈД, Турција ќе продолжи со поддршката на Слободната сириска армија.

Операцијата на Мосул продолжува според предвидувањата рече портпаролот Куртулмуш и потенцираше дека чувствителноста на Турција е јасна. Турција активно ја следи операцијата. Основна цел на операцијата треба да бидат жителите на Мосул и зачувување на статусот на градот. Гардистите Ниневија (Нинова) и пешмергите учествуваат во операцијата. Силите на Хашди Шаби не учествуваат во операцијата. Турција ќе го спречи влегувањето на силите на Хашди Шаби во Мосул, рече Куртулмуш.

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече дека од воен аспект, реализирањето на операцијата на Рака ќе биде поповолно да се оствари откако ќе завршат операцијата на Мосул и операцијата Еуфратски штит.

На терен има воена неопходност. Турција активно ги следи случувањата. Ќе продолжиме со дипломатските контакти на тоа поле, рече Куртулмуш.

Во врска со екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), портпаролот Куртулмуш рече дека посетата на министерот за правда Бекир Боздаг на САД уште повеќе ги разјасни деталите во врска со односите и дека ќе се интензивира процесот на екстрадиција или привремено притворање на Ѓулен.



Слични вести