Од 1 ноември нов период кај турските пасоши усогласени со ЕУ

Министерството за внатрешни работи истакна дека согласно постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ се подготвени новите турски пасоши усогласени со ЕУ што претставува еден од условите за безвизно патување на граѓаните на Република Турција

600396
Од 1 ноември нов период кај турските пасоши усогласени со ЕУ

Новиот период кај турските пасошо усогласени со ЕУ почнува од 1 ноември 2016 година.

Според добиени информации од функционери на министерството за внатрешни работи согласно постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ се подготвени новите турски пасоши усогласени со ЕУ што претставува еден од условите за безвизно патување на граѓаните на Република Турција во земјите членки на Шенген зоната.

Турските пасоши во чии чипови се внесени отисоци од прст ќе почнат да се издаваат од 1 ноември 2016 година.

Во чиповите на новите електронски пасоши освен биометриски податоци и отисоци од прст на сопственикот ќе се наоѓаат и лични податоци за идентификација како што се име, презиме, место и датум на раѓање, државјанство, ЕМБГ и број на пасош и полова припадност.



Слични вести