Турски џетови уништија 4 позиции и неутрализираа 10 терористи на северот на Ирак

Турски воени авиони реализираа воздушна операција на областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак во која се уништени 4 позиции и се неутрализирани 10 терористи на ПКК

599912
Турски џетови уништија 4 позиции и неутрализираа 10 терористи на северот на Ирак

Во реализирана воздушна операција од страна на воени авиони на Турските вооружени сили (ВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 10 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) се истакнува дека по вчерашниот напад со хаубица од страна на терористи на ПКК во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари во кој животот го загубија тројца војници, а четворица војници беа ранети беше установено дека терористите кои го реализираа нападот се наоѓаат во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак

По овие добиени информации воени авиони во сопственост на Турските воздушни сили реализираа прекугранична воздушна операција на областа каде што се уништени 4 цели од кои една наоружана позиција со противавионски митралез и 3 позиции наоружани со хаубици, а се неутрализирани и 10 терористи кои се наоѓаа во позициите и околината.

Освен тоа се уништени и 2 наоружани позиции со хаубици во областа Зап во северниот дел на Ирак.

Турските воени авиони успешно ја извршија својата задача и безбедно се вратија во своите бази.



Слични вести