Недела на Турската црвена полумесечина

Деновиве во Турција се одбележува неделата на Турската црвена полумесечина

598163
Недела на Турската црвена полумесечина

Турската црвена полумесечина е хуманитарна организација која делува во услови на природни катастрофи и тоа не само во државава туку на сите страни на светот секаде каде што се јавува потреба од помош и поддршка и тоа поради природни катастрофи како што се земјотреси, поплави, ерупција на вулкани, па дури и војни. Турската црвена полумесечина е гордоста на Турција која во сите овие изминати години се покажа како најголем пријател на сите во невоља.

Турската црвена полумесечина денес е пример на турската традиција на пружање помош и солидарност на сите на кои таа им е потребна. Таа е присутна секаде онаму каде се случуваат природни и хумани катастрофи со пружање помош во вид на најнеопходните продукти како што се храна, ќебиња,лекови и вода за пиење. Финансиските извори на Турската црвена полумесечина се обезбедуваат дел од доброволни прилози на поединци, органи и организации а дел од комерцијални активности.

Уште и да истакнеме дека една од важните доброволни активности на Турската црвена полумесечина се доброволните акции на дарување на крв. Најголемите доброволни акции на дарување на крв во државава се организираат токму преку Црвената полумесечина.



Слични вести