„Поносен сум поради тоа што сум претседател на оваа голема држава и на овој јуначки народ“

Претседателот Ердоган во својата писмена порака по повод 29 октомври Празникот на Републиката нагласи дека е поносен поради тоа што е претседател на оваа голема држава и овој јуначки народ

599495
„Поносен сум поради тоа што сум претседател на оваа голема држава и на овој јуначки народ“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 29 октомври Празникот на Републиката 93-годишнината од основањето на Република Турција стави акцент и упати пофалби на сметка на ставот што го покажа народот против обидот за преврат на 15 јули.

Ердоган во својата порака напиша: „Денеска Турција во споредба со утрото на 15 јули е посилна, по издржлива и поодлучна земја.“

Претседателот Ердоган во својата писмена порака по повод 29 октомври Празникот на Републиката нагласи дека е поносен поради тоа што е претседател на оваа голема држава и овој јуначки народ.

Велејќи „Денеска го славиме 93-от роденден на нашата последна држава Република Турција која ја прогласивме под водство на Гази Мустафа Кемал“, претседателот Ердоган во својата порака истакна дека турскиот народ кој се спортивстави на ропството и насилните наметнувања ја започна народно-ослободителната борба против окупаторите кои  се обидоа да посегнат против неговата независност и иднина со што оваа своја борба ја круниса со претходно невидено јунаштво.

Ердоган потсети дека по оваа голема победа на 29 октомври 1923 година под начелото „Суверенитетот безусловно му припаѓа на народот“ и со целта за издигнување на земјата над нивото на современите цивилизации беше формирана Република Турција.

„Нашата Република со нашата 2.200 годишна државна традиција ја оценуваме како стекната придобивка во тешките услови во тие времиња и како илјадо годишно Селџутско и Османлиско наследство на овие териториите на кои живееме“ - истакна претседателот Ердоган и продолжи со следните зборови: „Република Турција надминувајќи ги тешкотиите кои што се појавија пред неја во овие 93 години го продолжува својот пат и благодарение на потезите што ги фрла и напредокот што го постигнува особено во последно време е држава која денеска успеа да го заземе своето место меѓу силите во подем во светот. Турција со својата растечка економија, силната демократија, приврзаноста кон основните човечки вредности и со својата принципиелна и визионерска надворешна политика  и денеска продолжува да претставува извор на инспирација во регионот во кој се наоѓа и во светот.“ 

Истакнувајќи дека верува оти независно од тоа каде се наоѓаат во светот сите граѓани и пријателите на Турција чувствуваат понос и гордост со епот што го напиша народот на 15 јули, претседателот Ердоган  нагласи дека по надминувањето на едно вакво големо искушение и голема неволја на 15 јули која претставува и обид за преврат и терористички напади и обид за окупација, денеска се слави 93-годишнината од формирањето на Републиката.  

Ставајќи акцент на единството и сплотеноста Ердоган во  својата порака напиша: „Не ќе може да постигне успех ниту еден напад кој ќе посегне против нашето единство, нашата слотеност, нашето братство, нашата татковина, нашата независност и нашата иднина.“

Потсетувајќи дека Турција е посилна и подолучна од било кога досега, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ниту терористичките организации, ниту оние од чија страна се искористуваат како орудие не ќе можат да не спречат да ги постигнеме нашите цели.“

Порака по повод 29 октомври Празникот на Републиката објави и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман кој во својата порака напиша: „Ја одбележуваме 93-годишнината од прогласувањето на Републиката на 29 октомври 1923 година. Нека му е честит на нашиот народ.“

Истакнувајќи дека плановите на империјалистичките држави беа расипани со еланот и одлучноста на народот, Исмаил Кахраман рече: „Со потезите кои што ги фрливме и напредокот ја зацврстивме нашата слобода и независност.“

Премиерот Бинали Јилдирим во својата порака што ја објави исто така по повод 29 октомври Празникот на Републиката во чии рамки годинава ја славиме 93-годишнината од основањето на Република Турција стави акцент на подготвувањето на новиот Устав.

Привлекувајќи внимание дека новиот Устав ќе ги направи многу поздрави и многу поцврсти и по непотресни темелите на Републиката, премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ќе се продолжи патот со нов Устав кој ќе биде демократски и слободарски и со кој како политички систем ќе се прифати претседателскиот систем на уредување, без притоа да се направи отстапка од принципот на владеење на правото.



Слични вести