29 октомври Празник на републиката

Денес одбележуваме 93 години од формирањето на Република Турција

598159
29 октомври Празник на републиката

Објавувањето на формирањето на Република Турција беше означено со топовски истрели дента на 29 октомври 1923 година.

Османлиската држава излезе поразена од Првата светска војна. Бидејќи беше поразена земјите победнички во војната приграбија голем дел од нејзините територии што предизвика голема тага и болка кај народот.

Како реакција на приграбувањето на турските територии од страна на окупаторските држави, започна востанието Куваи Миллије/Народни чети кои под водството на Мустафа Кемал Ататурк го кренаа народот на бунт за ослободување на земјата. Идејата на востанието и на народно ослободителната војна беше границите на земјата да останат таму каде што во мнозинство живее турско население. Поведени од оваа идеја турските војски ја постигнаа најголемата и конечна битка против непријателите окупатори која се водеше на 30 август 1922 година. Оваа битка во историјата на турскиот народ е позната како Битка на Главната команда. Окупаторските војски беа поразени и истерани од турските територии. Потоа започнаа мировните преговори, беше ослободен градот Истанбул од окупаторите, и на мировната конференција во градот Истанбул  Османлиската империја беше избришана од светската карта а на нејзино место на сцената се појави младата и нова Република Турција.

Преговорите во Лозана траеја до 29 октомври 1923 година. После нивното завршување беше прогласена Република Турција со главен град Анкара.

Денес кога среќни ја славиме 93. годишнина од формирањето на Република Турција, со почит се потсетуваме на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк и на сите јунаци на Борбата за национална независност со желба да почиваат во мир.



Слични вести