Веќе не постои сомнение дека во позадината на обидот за воен удар се наоѓаше терористичка ФЕТО

Тешко може да се види еден ваков отпор во некоја друга земја во светот за заштита на слободата и демократијата

599078
Веќе не постои сомнение дека во позадината на обидот за воен удар се наоѓаше терористичка ФЕТО

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката рече дека веќе не постои сомнение дека во позадината на обидот за воен удар на 15 јули се наоѓаше Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Во говорот на симпозиумот на тема „Обидот за воен удар на 15 јули: Солидарноста меѓу Невладините организации“ што се одржа во салата за конференции Проф. д-р Рашит Ќучук на Теолошкиот факултет при универзитетот Мармара, портпаролот Калин рече дека средбите и состанувањата имаат големо значење од аспект да не се заборави сето она што се случи ноќта на 15 јули.

Ибрахим Калин рече дека сите оние кои што се обидоа да извршат воен удар го поставувале прашањето „Зошто луѓето излегоа на улиците?“ и разговарале дека „Нашиот народ не е толку храбар“, „Не знаат што ќе прават против авионите Ф16“, „Граѓаните штом ќе ги видат вооружените војници бегаат дома“.

Калин во продолжение рече дека сите оние кои што излегоа на улиците и го спречија обидот за воен удар, немаа ништо во рацете.

Тешко може да се види еден ваков отпор во некоја друга земја во светот за заштита на слободата и демократијата. Отпорот истовремено претставува одраз на моќта на турските Невладини организации. Можеби немаат некои фантастични имиња, но тоа што е значајно во целиот овој процес фактот дека сите тие се верници и најдоа сила да излезат на улиците. Некои од нив ги положија животите за знамето и татковината, рече Калин.

Таа ноќ имаше и своја темна страна. Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО се обиде да изврши воен удар. На тој начин се дешифрираа. (Како може приврзаниците на една група да се инфилтрира во државните установи?) и (Како може да изврши воен удар?), тоа се прашањата кои можат да се постават. Како што можеме да разбереме од исказите на досега притворените и уапсени учесници во обидот за воен удар, веќе не постои никакво сомнение дека во позадината на обидот за воен удар се кријат самите.

Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, пред обидот за воен удар на 15 јули се обидуваше да створи имиџ дека во Турција владее диктатор и дека земјата од овој диктатор може да се ослободи единствено со воен удар.

Сличното беше направено и во Египет против Мухамед Мурси, рече Калин и потенцираше дека постојано се вложуваа напори да се актуализира ова прашање. Обидот за воен удар се обидуваа да го прикажат како да е реакција на народот. Секако дека чувствуваме тага и жалење поради тоа што доживеавме една таква ноќ. Човек сака да не ја доживеавме таа ноќ, но исто така со овој обид за воен удар имавме извонредна можност да им ги видиме правите лица.

Денес Турција е многу посилна од 15 јули, рече портпаролот Калин и подвлече:

Економијата на земјата е посилна, земјата е посилна и владее политика на сплотување. Доколку сличен настан се случеше во некоја друга земја, можеше да дојде до судири меѓу државните установи, поларизација на општеството и меѓусебни судири. Но по кукавичкиот обид за воен удар, се отвори еден нов мост. По овој немил настан, Турција и натаму продолжува со економските иницијативи и потфати, наскоро ќе се отвори еден нов подземен премин под Босфор. Само пред неколку недели во Истанбул го одржавме Светскиот енергетски конгрес и бевме домаќини на значајни гости од светот на енергијата. Водевме дискусии во врска со иднината на енергетските политики. Денес слободно можам да кажам дека Турција е многу посилна земја од аспект на надворешната и внатрешната политика. Сето тоа беше резултат и остварено со храброста на народот и нивниот цврст и херојски став.

За да не дојде до повторно доживување на 15 јули и слични настани, секогаш со гордост треба да се сеќаваме на шехидите и приказните за нивната храброст и херојство да ги пренесуваме на идните поколенија.



Слични вести