Турција нема да дозволи подрачјето Синџар во Ирак да стане нов Кандил

Како што терористите на ДЕАШ ги напуштија Џераблус, Раи и Дабик, исто така ќе го напуштат и Ал-Баб

598826
Турција нема да дозволи подрачјето Синџар во Ирак да стане нов Кандил

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема да дозволи подрачјето Синџар во Ирак да стане нов Kандил (седиште на сепаратистичко-терористичката организација ПКК).

Во говорот на церемонијата на извлекување со ждрепка на блиските на воените ветерани и шехидите во Културниот и конгресен центар Бештепе, претседателот Ердоган ја упати пораката дека ќе се прошири обемот на операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август под покровителство на Турските вооружени сили.

Ал-Баб претставува значаен центар за терористичката организација ДЕАШ, рече претседателот Ердоган и посочи дека како што терористите на ДЕАШ ги напуштија Џераблус, Раи и Дабик, исто така ќе го напуштат и Ал-Баб. Веднаш потоа Турските вооружени сили ќе се насочат кон Мунбич и Рака.

Надоврзувајќи се на вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама, претседателот Ердоган рече дека разговарале и за оваа тема.

Турција нема потреба од терористичките организации како што се ПЈД-ЈПГ. Инаку ПЈД-ПКК-ЈПГ во Рака, сите тие се исти. Дојдете заедно да ги протераме терористите на ДЕАШ од Рака. Дојдете заедно да го сториме тоа, бидејќи имаме доволно сила за тоа, рече Ердоган.

Во освртот на борбата против тероризмот во Ирак, претседателот Ердоган рече дека со борбата ќе продолжиме во Киркук, Мосул, Тал Афар, Синџар. Зошто? Затоа што Синџар е на пат да стане ново седиште на терористичката организација ПКК. Затоа Турција не може да дозволи Синџар да стане ново седиште на терористичката организација како што беше Кандил, бидејќи тука се наоѓаат силите на ПКК.

Во земјата започна еден различен процес на борба против тероризмот, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека во иднина нема да се чека тероризмот да ни почука на врата, туку ќе се уништи на местото на изворот.

Во врска со смртната казна, претседателот Ердоган рече дека во случај Големото национално собрание на Турција ја усвои оваа одлука, тогаш самиот лично ќе ја ратификува истата.



Слични вести