Се промени хемиската и физичка карактеристика на претседателската функција

Претседателски систем не треба да се коси со универзалниот

598529
Се промени хемиската и физичка карактеристика на претседателската функција

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик рече дека со изборот на претседателот на републиката од страна на народот, се промени хемиската и физичка карактеристика на претседателската функција.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал, министерот челик одговараше на актуелните прашања на дневниот ред на земјата.

Измените во политичкиот систем налагаат структурни промени рече Челик и потенцираше дека предлогот на владата е премин кон претседателски систем. Подготвителните активности во врска со прашањето се спремни.

Министерот Челик посочи дека турскиот модел на претседателски систем не треба да се коси со универзалниот и дека нема да биде правилно да се даде определен датум во врска со претседателскиот систем.

Во освртот на случувањата во Ирак и Сирија, министерот Челик потенцираше на опасноста од меѓусекташките судири во регионот.

Турција не е против ниту една група без оглед на тоа дали станува збор за шиити или сунити. Турција е против секташките групи. Без огледа на тоа дали станува збор за некоја шиитска или сунитска група,  истите а жал предизвикуваат катастрофа за регионот.

Со евентуалната поделба на регионот на мали државички се планира да се актуализира етничката и секташка напнатост во регионот.



Слични вести