Обидот за воен удар на терористичка ФЕТО/ПДЈ на 15 јули уште повеќе го сплоти општеството

Овој обид за воен удар да се случеше во некоја друга земја, ќе предизвикаше голем општествен и економски колапс

598154
Обидот за воен удар на терористичка ФЕТО/ПДЈ на 15 јули уште повеќе го сплоти општеството

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган  рече дека обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули уште повеќе го сплоти општеството.

Портпаролот Калин во рамките на програмата „Сведоштво за историјата и националното единство“ ги прими претставниците на делегациите на медиумите и печатот од балканските земји.

На приемот во претседателскиот дворец, портпаролот Калин се осврна на обидот за воен удар на 15 јули и односите меѓу Турција и Балканските земји.

Во врска со обидот за воен удар на терористичката ФЕТО, портпаролот Калин рече:

Овој обид за воен удар да се случеше во некоја друга земја, ќе предизвикаше голем општествен и економски колапс. Додека во Турција предизвика поголемо сплотување на општеството и зајакна економијата.

Обидот за воен удар на 15 јули беше директно насочен против владата и нејзино соборување, рече Калин и подвлече:

Турција до денес беше изложена на низа воени удари, но ваков тип на воен удар никогаш не се случи. Терористичката организација ФЕТО е организација која секогаш е на страната на силните. Тие водат илегални активности и формирале криминална империја. Под доброволен прилог (химмет) ФЕТО собра милиони долари. Што се однесува до грешките во училиштата што ги отворија, можете да видите дека тоа се доста скапи училишта во кои учат деца на моќни семејства, политичари кои се искачиле на високи позиции. Со крадење на испитните прашања, децата од овие училишта добиле многу високи поени. Во овие училишта нема доблест и транспарентност, рече Калин.



Слични вести