„Одлучни сме во најскоро време да го исчистиме Менбич од ПЈД“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна да го исчисти градчето Менбич во северниот дел на Сирија од терористичката организација ПЈД, која инаку е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

597741
„Одлучни сме во најскоро време да го исчистиме Менбич од ПЈД“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара се состана со претседателите на месните заедници и во оваа пригода истакна дека Турција е одлучна да го исчисти градчето Менбич во северниот дел на Сирија од терористичката организација ПЈД, која инаку е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи „Турција сигурно ќе ја има во секој настан што се случува во Ирак и Сирија“, Ердоган рече: „Ние сме одлучни доколку затреба и со нашите дипломатски и воени сили да бидеме покрај нашите тамошни браќа, во нивната борба што ја водат против терористичките организации.“  

Претседателот Ердоган се осврна и на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија која продолжува од 24 август и рече: „Рековме дека ќе влеземе од Џераблус. Напред Слободната сириска армија (ССА) зад неја ние влеговме со логистичка поддршка. Сега народот на Џераблус се врати во своите домови. Продолжуваат работите во врска со инфраструктурата и супраструктурата, децата веќе можат да одат на училиште. Потоа беше влезено во Ел Раи. Потоа беше напредувано кон Дабик. ДАЕШ покажа голем отпор, но Дабик е заземен. Сега се напредува кон Ел Баб. Од Ел Баб ќе се оди кон Менбич. Се води потребната борба против ПЈД/ЈПГ. Ние ќе ја продолжиме оваа борба против терористичките организации ДАЕШ и ЈПГ/ПЈД. Одлучни сме во најскоро време да го исчистиме Менбич од ПЈД. Или ќе излезат и ќе заминат источно од Еуфрат, или доколку не заминат ние ќе го направиме неопходното.“ 

Освен тоа Ердоган истакна дека во остварениот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин  рекол „Во Алепо да водиме заедничка борба против терористичките организации, меѓутоа Алепо им припаѓа на Алепчани“.

Ердоган напомена дека нема да биде правилно да се навлегува во било какви пресметки во однос на Алепо.

Велејќи дека од друга страна Турција нема да дозволи Ирак да се вовлече во секташка војна и го достави следното предупредување: „ ДАЕШ ги измасакрира муслиманите. Сега со толкување на шиитството се настојува да се постави на сцена игра со која ќе бидат повторно масакрирани муслиманите.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор направи проценка и на истрагите во врска со обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралалената државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули, во врска со што истакна дека вистинските оштетени од 15 јули се оние кои ги положија своите животи и станаа шехиди таа ноќ и рече: „Оној кој вели дека се оштетени припадниците на ФЕТО врши предавство.“



Слични вести