Вториот турско-руски консултационен состанок за печат и информирање се одржа во Москва

Состанокот се одржа помеѓу делегациите на МНР на двете земји на чело со портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич и портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова

596604
Вториот турско-руски консултационен состанок за печат и информирање се одржа во Москва

Вториот консултационен состанок во сферата на печатот и информирањето помеѓу министерствата за надворешни работи на Турција и Русија се одржа на 24 октомври (вчера) во Москва.

Состанокот се одржа помеѓу делегациите на двете земји на чело со портпаролот на турскоото министерство за надворешни работи Танжу Билгич и портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

На состанокот во Москва во рамките на нормализирањето на односите помеѓу двете земји беше разговарано за можностите за соработка во сферата на печатот и информирањето, зголемувањето на обостраните посети на претставниците на медиумите и олеснувањето на активностите на новинарите кои се на задача во двете земји.

Освен тоа на состанокот беа разменети и мислења по прашањето на користењето на социјалните медиуми.

Првиот консултационен состанок помеѓу Турција и Русија во сферата на печатот и информирањето се одржа во декември 2014 година во Анкара.



Слични вести