Турција и Украина ги продолжуваат активностите за развивање на воената соработка
Потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир и делегацијата во негова придружба во рамкиите на разговорите во главниот град на Украина Киев се состана со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александ Турчинов

Продолжуваат активностите за воена соработка помеѓу Турција и Украина.
Потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир и делегацијата во негова придружба во рамките на разговорите во главниот град на Украина Киев се состана со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александ Турчинов.
По средбата Турчинов нагласи дека ефикасно продолжуваат работите на формираните комисии за соработка помеѓу Украина и Турција во воено-техничките сфери и рече: „Ние работиме на конкретни проекти како што се производство на оклопни возила, ракети и авиони.“
Потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир истакна дека Турција е на страната на развивање на соработката со Украина во сферата на одбранбената индустрија, дека формираната координациона група работи продуктивно и дека е дојдено во фаза на ставање во примена на проектите.