Продолжуваат операциите на безбедносните сили против терористичките организации ДАЕШ и ПКК

Во Тосја кај Кастамону беа фатени 5 лица со сириско државјанство за кои беше установено дека се припадници на терористичката организација ДАЕШ и дека се поврзани со антитерористичката операција во Газиантеп во која загинаа тројца припадници на полицајата

596330
Продолжуваат операциите на безбедносните сили против терористичките организации ДАЕШ и ПКК

Фатени терористите кои на 16 октомври беа приклештени во куќата која била користена како ќелија на ДАЕШ во градот Газиантеп и во огнот што беше отворен од страна на терористите за време на операцијата на безбедносните сили животот го загубија тројца припадници на полициските сили.

Во населеното место Тосја кај градот Кастамону беа фатени 5 лица со сириско државјанство за кои беше установено дека се припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Беше установено дека фатените терористи се поврзани со операцијата на безбедносните сили на куќата која била користена како ќелија од страна на ДАЕШ кога беше отворен оган од страна на приклештените терористи во куќата и притоа животот го загубија тројца припадници на полицијата.

Во близина на градот Битлис пак во реализирана воздушна операција од страна на беспилотно летало беа неутрализирани четворица припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во операциите кои што продолжуваат во областа на планината Дугун во населеното место Улудере кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи на ПКК, а еден терорист е фатен ранет.

Во реализираните операции во областа се запленети и оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во градот Муш пак се уапсени три лица од кои двајца селски кметови .

Од друга страна во реализирана антитерористичка операција во населеното место Сур во градот Дијарбакир е притворено едно лице за кое е установено дека е поврзано со тероризмот.



Слични вести