Во операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија е воспоставена контролата во 156 населени места

Турските вооружени сили (ТВС) истакнаа дека од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега е воспоставена контролата во 156 населени места и на површина од 1.265 квадратни километри

595928
Во операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија е воспоставена контролата во 156 населени места

62-ри ден од операцијата Еуфратски штит која беше започната на 24 август за елминирање на заканата од терористичките организации на чело со ДАЕШ во северниот дел на Сирија, зголемување на пограничната безбедност и давање поддршка на коалиционите сили.

Турските вооружени сили (ТВС) истакнаа дека од почетокот на операцијата досега е воспоставена контролата во 156 населени места и на површина од 1.265 квадратни километри.

Беа погодени уште 27 утврдени цели на терористичката организација ДАЕШ и 19 утврдени цели на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Во подрачјето исчистено од тероризмот беше уништена контролирано и една експлозивна направа од рачна изработка.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега се уништени 31 мина и 1.300 експлозивни направи од рачна изработка.

Во меѓувреме продолжува и постапката за обраќање до губернијата на Газиантеп на Сиријците кои бегајќи од граѓанската војна се засолнаа во Турција и кои сега по операцијата Еуфратски штит сакаат да се вратат во своите домови во областите исчистени од терористичките елементи.

Вчера за Џераблус беа испратени 500 сириски бегалци меѓу кои се наоѓаа и жени, деца и старци.



Слични вести