Во операции во Ширнак, Хаќќари и Тунџели се неутрализирани 26 терористи на ПКК

Во последните реализирани операции од страна на безбендосните сили во близина на Ширнак, Хаќќари и Тунџели се неутрализирани 26 терористи на ПКК

595472
Во операции во Ширнак, Хаќќари и Тунџели се неутрализирани 26 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на безбедносните сили во Ширнак, Хаќќари и Тунџели се неутрализирани 26 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Турските вооружени сили (ТВС) утврдија дека група терористи на ПКК во околината на планината Дугун во близина на градот Ширнак се подготвуваат за зима.

Единици на Командата на 48-та погранична бригада заедно и со селските чувари ги погодија групата терористи од копно и од воздух при што беа неутрализирани 15 терористи на ПКК.

Во реализираната операција со поддршка од воздух и со наоружани беспилотни летала во близина на населеното место Чукурџа во округот Хаќќари пак беа неутрализирани четворица терористи, додека во операциите во близина на населеното место Оваџик во округот Тунџели 11 терористи.

Во рамките на реализираните операции исто така беше уништено и едно возило-бомба кое било подготвено за експлодирање.

Од друга страна во Истанбул беше фатено едно лице член на терористичката организација ПКК кое беше причина за неодамнешната експлозија на експлозивна направа поставена на патот од страна на терористите кај градот Хаќќари во која животот го загубија четворица војници, а еден војник беше ранет.



Слични вести