Интервју на претседателот Ердоган за руската државна телевизија „Росија-1“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за руската државна телевизија „Росија-1“ се осврна на низа прашања и даде топли пораки до Русија

595731
Интервју на претседателот Ердоган за руската државна телевизија „Росија-1“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган беше гостин во програмата „Формула Власти“ на руската државна телевизија „Росија-1“ чиј водител е Михаил Гусман при што се осврна на низа прашања и даде топли пораки до Русија.

Ердоган во врска со процесот на борбата против тероризмот на Блискиот исток  рече: „Во заедничката борба против тероризмот во овој регион имам потреба од поддршката на мојот ценет пријател Путин. За соработка со Русија во оваа сфера ние сме подготвени да ги фрлиме сите неопходни чекори.“

Велејќи дека проектот за изградба на нуклеарната централа Аккују е проект од животно значење за Турција, претседателот Ердоган рече: „Потрошивме многу време и во однос на ова прашање. Целта е што побрзо да се заврши овој проект и да се стави во примена. Што се однесува до проектот Турски тек нашите исти ставови ги изнесовме и на состанокот на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Русија на кој учествуваше и господинот Владимир Путин.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека сфера која најмногу ги сплотува турскиот и рускиот народ е туризмот и рече: „Меѓутоа во оваа сфера е направена голема пауза. Минатата година бројот на руските туристи фактички беше на лидерска позиција. Оваа година можеби можеа да ги остави зад себе и Германците, но јас верувам дека во периодот во иднина нашата соработка во туризмот ќе се зголеми. Секако се зголемуваат и роднинските врски.“

Нагласувајќи дека во моментов во Турција особено во туристичките одморалиште нема никаков проблем и дека се преземени сите неопходни мерки по прашањето на безбедноста, претседателот Ердоган рече: „Тоа ќе го правиме и во иднина. Така да нема потреба од загриженост. Во моментов нашите плажи се безбедни и ги очекуваат туристите. Меѓутоа не само одморот на море, ние располагаме и со сфери за туризам како што се верскиот, културниот, здравствениот, голфскиот и планинскиот туризам.“

Нагласувајќи дека сите средини во Турција се рамноправни по прашањето на демократските права и дека во владата има и министри од курдско потекло, Ердоган рече: „За жал оние кои велат дека се водачи на курдскот народ се оние кои му вршат зулум на курдскиот народ. Повикувајќи ги луѓето да излезат на улица станаа причина за смртта на нашите курдски граѓани. За жал тие во нашата земја водат терористичи активности. Ние ќе продолжиме да се бориме против нив.“

Критикувајќи го и ставот на Брисел кон Анкара, претседателот Ердоган рече: „Преговорите за членство со ЕУ ги водиме уште од 1963 година. 53 години не принудија да чекаме и сеуште не принудуваат да чекаме.“

Во врска со бегалската криза која беше засилена со сириската криза, претседателот Ердоган рече: „Од Сирија и Ирак дојдоа повеќе од 3 милиони бегалци. Нашите трошоци заедно и со граѓанските организации изнесуваат над 20 милијарди долари. Европа не помага. Ветија дека ќе испратат помош, меѓутоа ние се уште не ја видовме таа помош. Само ОН ни доставија помош од 53 милиони долари. Турција го носи целиот овој товар.“

Осврнувајќи се и на обидот за преврат на Фетулахистаичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган рече: „ Вториот ден од овие настани ме побара Путин. Во разговорот нагласи дека е против превратот и дека е на наша страна. Потсетувајќи на овој негов принципиелен став во мое лично име и во име на турскиот народ го велам следното: Благодарам.“



Слични вести