Џаникли: За ослободување на Мосул од ДАЕШ има сигурна потреба од поддршката на Турција

Потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли истакна дека доколку се сака Мосул да биде спасен во вистинска смисла на зборот постои единствен пат за тоа и сила која може да го постигне тоа се Турските вооружени сили

595565
Џаникли: За ослободување на Мосул од ДАЕШ има сигурна потреба од поддршката на Турција

Потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли учествуваше на манифестацијата Денови на Гиресун што се одржа во Истанбул каде што се осврна на операцијата за ослободување на градот Мосул од рацете на терористичката организација ДАЕШ.

Џаникли истакна дека доколку се сака Мосул да биде спасен во вистинска смисла на зборот постои единствен пат за тоа и сила која може да го постигне тоа се Турските вооружени сили.

Велејќи дека за ослободување на Мосул од ДАЕШ има сигурна потреба од поддршката на Турција, Нуреттин Џаникли рече: „Веќе никој во регионот не може да донесува одлука и да го прави она што сака без да ја земе во предвид Турција. Колку години поминаа како водечките земји во светот на изглед како да водат борба против ДАЕШ. Тврдат дека се борат против ДАЕШ. Што стана 4 години? Нема ништо. ДАЕШ продолжува да стои на свое место. Но сега на сцената стапи Турција.“

Велејќи дека Турција треба да ја има во борбата против ДАЕШ и во Мосул, потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли рече: „Секако дека немаме никакви претензии кон териториите на ниту една земја. Меѓутоа ако станува збор за сериозни тешкотии од некои земји против нашата земја, нас мора да не има таму.“ 

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести