Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 3-јца терористи на ПЈД/ПКК и 11 терористи на ДАЕШ

Турските вооружени сили истрелаа 8 истрели врз цели на терористичката организација ДАЕШ и 51 истрел врз цели на терористичката организација ПЈД/ПКК при што беа неутрализирани 11 терористи на ДАЕШ и тројца терористи на ПЈД/ ПКК

595283
Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 3-јца терористи на ПЈД/ПКК и 11 терористи на ДАЕШ

На 61-от ден од операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август под водство на Турција, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи се неутрализирани тројца припадници на терористиочката организација ПЈД/ПКК и 11 припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Според објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) во вооружените судири во текот на вчерашниот ден на југот на Маре загинаа четворица припадници на Слободната сириска армија (ССА).

Турските вооружени сили истрелаа 8 истрели врз цели на терористичката организација ДАЕШ и 51 истрел врз цели на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Во рамките на операцијата Еуфратски штит  воени авиони на турските воздушни сили на југот на Џубани и во Бурж погодија 4 цели и неутрализираа 11 терористи на ДАЕШ.

Според објавеното соопштение од почетокот на операцијата Еуфратски штит на 24 август досега е воспоставена контролата на површина од 1.265 квадратни километри.



Слични вести