Претседателот Ердоган: Операцијата Еуфратски штит ќе се протега кон југ до Ел Баб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека операцијата Еуфратски штит која беше започната на 24 август под водство на Турција и со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи ќе се протега кон југ до Ел Баб

595113
Претседателот Ердоган: Операцијата Еуфратски штит ќе се протега кон југ до Ел Баб

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера учествуваше на свеченото отворање на еден новоизграден кампус во градот Бурса каде што истакна дека операцијата Еуфратски штит која беше започната на 24 август под водство на Турција и со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи ќе се протега кон југ до Ел Баб.

Велејќи дека Турција ќе биде дел и од операцијата која што ќе се реализира на Рака, Ердоган рече: „Доколку коалиционите сили бидат подготвени да делуваат заеднички ќе го направиме неопходното против ДАЕШ и во Рака, меѓутоа не со терористичката организација ПЈД или ЈПГ.

Претседателот Ердоган нагласи дека во Ел Баб треба да се подготви зона која ќе биде исчистена од тероризмот и напомена дека на ист начин треба да се прават подготовки за исчистување и на Менбич кој е окупиран од страна на ПЈД/ЈПГ.

Потсетувајќи дека некои средини се вознемирени од тоа што ги поставува на дневен ред и дискусиите во врска со националните граници на Турција дефинирани како Мисак-и Милли, Ердоган рече: „Древните градови на Ирак Керкук (Киркук) и Мосул некогаш беа наши. Сега се вознемирени поради тоа што јас го изговорив изразот Мисак-и Милли. А зошто сте вознемирени? Јас одржувам лекција по историја. Тоа во историјата е така. Зарем и Гази Мустафа Кемал не укажува на Мисак-и Милли, националните граници.“ 

Претседателот Ердоган даде пораки за одлучност и во борбата против тероризмот и рече: „Каде и да бегате ве гониме и ќе ве гониме до вашите дупки. Веќе нема да чекаме да дојде до терористичка акција, туку ќе го пресушиме тоа мочуриште на лице место и ќе ги воспоставиме просперитетот и спокојството во оваа татковина.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така упати повик и до членовите на терористичката организација ФЕТО да го раскажат сето она што го знаат и додаде дека во спротивно ќе положат сметка пред лицето на правдата.



Слични вести