Премиерот Бинали Јилдирим: Во операцијата на Мосул ќе учествуваат и турски авиони

Премиерот Бинали Јилдирим во заедничката програма која беше емитувана во живо на телевизиските канали ТРТ Хабер, А Хабер, СНН Турк, Хабертурк, НТВ и Канал 24 истакна дека во операцијата на Мосул ќе учествуваат и авиони на Турција

595041
Премиерот Бинали Јилдирим: Во операцијата на Мосул ќе учествуваат и турски авиони

Премиерот Бинали Јилдирим во Афјонкарахисар каде што се одржува 25-от консултационен состанок на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) учествуваше во заедничката програма која беше емитувана во живо на телевизиските канали ТРТ Хабер, А Хабер, СНН Турк, Хабертурк, НТВ и Канал 24 каде што даде значајни изјави и одговараше на прашањата на новинарите во однос на актуелни случувања.

Јилдирим истакна дека Турција не може да остане индиферентна пред случувањата во Ирак и Сирија.

Осврнувајќи се на последната состојба во Мосул, премиерот Бинали Јилдирим истакна дека продолжува операцијата за исчистување на Мосул од елементите на терористичката организација ДАЕШ, во која учествуваат воени единици на владата во Багдад и милициските сили кои делуваат со нив.

Велејќи дека во операцијата на Мосул ќе учествуваат и турски авиони, Јилдирим рече: „Располагаме со загриженост во однос на тоа дека по операцијата на Мосул ќе се промени демографската структура на градот, дека приближно два милиони луѓе кои живеат во Мосул  ќе бидат доведени во состојба на бегалци и дека голем бегалски бран ќе се усмери кон Турција.“

Премиерот Јилдирим привлече внимание дека бегалците кои ќе дојдат одовде значи дека на сегашните 3 милиони сиријски граѓани ќе им се додадат уште над еден милион лица бегалци.

Нагласувајќи го и ризикот од сериозно зголемување на секашката војна, Јилдирим рече: „Ние располагаме со граница со Ирак во должина од 350 километри. Затоа Турција апсолутно не може да остане индиферентна пред никоја терористичка закана која би дошла од Ирак, евентуалниот бегалски бран и евентуалната секташка војна и масакрите до кои би дошло во регионот. Нема да покажеме ниту најмало двоумење и од интервенција кога ќе се појави потреба од тоа.“

Велејќи дека терористичката организација ПКК која и создава главолока на Турција се засолнува во Ирак, Јилдирим ја повика управата во Багдад пред да префрлува во врска со турското воено присуство во Ирак да се бори против терористичките организации на сопствените територии.

Премиерот Јилдирим рече дека операцијата Еуфратски штит се одвива добро, дека операцијата за чистење продолжува кон југ кон Ел Баб, дека е формирана безбедносна зона и дека во овие области се сместени дел од бегалците во Турција и нивниот живот овде е нормализиран.

Привлекувајќи внимание кон потребата од воспоставување на стабилноста во Сирија и Ирак, премиерот Бинали Јилдрим рече: „Прашањето за кое што ние велиме дека ќе бидеме на преговарачката маса е да се воспостави мирот на овие простори. Турција сигурно се наоѓа во мировните преговори и ќе продолжи да се наоѓа. Да се прават планови во овој регион без Турција е неразумност. Кога ќе ја завршат својата работа сите ќе се вратат. Ние ќе продолжиме да живееме заедно со луѓето во овој регион.“



Слични вести