Поддршка од турските артилериски единици во кампот Башика во борбата на силите Пешмерги против ДАЕШ

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека на барање на силите Пешмерги турските артилериски единици во кампот Башика им даваат поддршка со гранатирање на позициите на терористичката организација ДАЕШ во градчето Башика

595415
Поддршка од турските артилериски единици во кампот Башика во борбата на силите Пешмерги против ДАЕШ

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со артилериските истрели на турските војници во кампот Башика врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во градчето Башика изјави во Афјонкарахисар дека силите Пешмерге побарале помош во борбата против ДАЕШ и дека турските топови и тенкови им даваат поддршка од кампот Башика.

Јилдирим истакна дека Турција ја исполнува со одлучност борбата против сите точки на злото кои и предизвикуваат главолки без притоа да направи било каква отстапка од оваа своја одлучност и рече: „Оние кои се обидуваат на нас да гледаат само како потпомагачи во Сирија и во Ирак нека погледнат кон операцијата Еуфратски штит, кон Башика и кон тамошното знаме со полумесечина и ѕвезда. Кога е во прашање татковината за нас и не е значајно кој што вели. Доколку оваа борба било внатре или надвор се развива спротивно на нашите интереси, заканите кои што и се закануваат на нашата земја, нејзниот народ, татковината и нашата неделлива целина нема да чекаме ничија дозвола и ничие одобрение за да стапиме во акција против секој вид терористичка активност, како внатре во земјата, така и надвор преку границата.“

Премиерот Бинали Јилдирим кој говореше на затворањето на 25-от консултационен состанок на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) во Афјонкарахисар истакна дека се завршени и активностите за подготвување на новиот Устав и за премин кон претседателски систем.

„Она што ќе го правиме во иднина е нашиот предлог во најскоро време да го доставиме до Собранието.“ - рече премиерот Бинали Јидлрим.



Слични вести