„Операцијата на Мосул е на почетокот колку што ќе се влезе внатре судирите ќе бидат засилени“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека операцијата на Мосул е на почетокот и дека оваа работа нема да биде толку многу лесна и колку што ќе се влезе внатре кон градот судирите ќе бидат засилени

595351
„Операцијата на Мосул е на почетокот колку што ќе се влезе внатре судирите ќе бидат засилени“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што даде значајни изјави во однос на актуелни внатрешни и надворешни случувања.

Ибрахим Калин истакна дека операцијата на Мосул е на почетокот и дека оваа работа нема да биде толку многу лесна и колку што ќе се влезе внатре кон градот судирите ќе бидат засилени.

Калин рече: „Се реализирани неопхдоните подготовки во врска со воздушната операција. Нашиот приоритет овде е исчистување на ДАЕШ. Операциите кои што се реализираат треба да бидат во усогласеност и со динамиките на Ирак.“

Велејќи дека Турција во однос на борбата против терористичката организација ДАЕШ во Сирија и во Ирак делува заедно со коалицијата, портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Нашата одлучност во рамките на борбата против ДАЕШ е целосна. Без оглед на тоа за каде станува збор, било во Сирија, било во Ирак или на друго место, Турција продолжува да делува заедно со меѓународната коалиција. Бидејќи на тој начин треба да се елиминира и да се крене од дневен ред терористичката организација ДАЕШ. Операцијата на Мосул ја поддржуваме како дел од меѓународната коалиција.“



Слични вести