Турција нема да дозволи крвопролевање во Мосул

Мосул не е место кое лесно може да се избрише и жртвува

594084
Турција нема да дозволи крвопролевање во Мосул

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека Турција нема да дозволи крвопролевање во Мосул.

Во говорот на свеченото отворање во Ѓолхисар кај Бурдур, потпретседателот Куртулмуш рече дека Мосул не е место кое лесно може да се избрише и жртвува. Мосул зазема место во нашите национални граници. Кога го велиме тоа никој не треба да разбере погрешно. Турција не стреми кон териториите на ниту една друга држава. Но исто така не треба да се заборави фактот дека во случај да бидеме изложени пред свршен чин, Турција нема да дозволи крвопролевање во Мосул. Туркменците, Арапите, Јазидите, Курдите со векови живеат во овој град. Жителите на овој град ќе продолжат да живеат заедно се до судниот ден. Кога велиме дека моментално Мосул го чистиме од ДЕАШ, не мислиме на нивно место да се донесе некоја друга терористичка организација како што се Хашди Шаби или ПКК/ПЈД. Треба да се дозволи народот во регионот со кого и како сака да живее, така нека живее.

Операциите продолжуваат во границите кои ги зацрта Турција, рече Куртулмуш и додаде дека Турција нема да биде изложена на никаква штета.

Во освртот на военото присуство на Турција во Ирак, Нуман Куртулмуш рече:

Турските војници во Ирак не влегоа напразно. Турските војници во Ирак заминаа на покана на Централната ирачка влада и Управата на Северен Ирак како и народот на Мосул. Со обучување на локалното население, околу 3 илјади борци заедно со пешмергите војуваат против ДЕАШ. Ако некој има право да праша: Што бара Турција во Башика?, - тогаш и ние го имаме истото право да прашаме: Што бараат оние кои во Ирак и Сирија дојдоа од 10 илјади км оддалеченост. Кои се вашите историски партнери?

Турција успешно ќе го помине и овој тест, рече Куртулмуш и како што го исчистивме Џераблус и Менбич од ПЈД и фрливме значајни чекори во Сирија, така и во Мосул со поддршката на жителите на градот ќе бидат фрлени решителни чекори.



Слични вести